КОГА?
8 – 9 НОЕМВРИ
КАДЕ?
ХОТЕЛ Александар Палас Скопје
ПОБРЗАЈТЕ!
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
Health Innovation Expo 2025
фото галерија од настанот
СПОНЗОРИ & ПОДДРЖУВАЧИ
Комората на приватното здравство на Македонија (КПЗ) е формирана во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Во комората членуваат приватни здравствени установи од областа на општата медицина – матичните лекари, приватни здравствени установи од општа и специјалистичка стоматологија, аптеки, ПЗУ-и од различни медицински специјалности, веледрогерии, лаборатории, болници и други правни субјекти кои се директно поврзани со здравството или се однесуваат на здравството.
Нашето делување е насочено кон промоција на приватното здравство како еден од носителите за унапредување на здравствените услуги. Комората во која се обединети сите специјалности и нивоа на здравството работи на конкретни активности за измена на постоечки и донесување на нови законски решенија, заеднички проекти со релевантни институции, а со цел подобрување на деловната клима во областа на здравството.
Комората на приватно здравство на Македонија активно се залага за унапредување на системот на приватната здравствена заштита со цел најголем дел од потребите на здравствените услуги пациентите да ги добиваат на ова ниво, за капацитетите на секундарното и терцијарното здравство да бидат ослободени од непотребни прегледи.









